Дома Фудбал Баерн ја уценува репрезентацијата: Ако не брани Ноер, не ги пуштаме репрезентативците!

Баерн ја уценува репрезентацијата: Ако не брани Ноер, не ги пуштаме репрезентативците!

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес се закани дека клубот нема да ги пуштаат нивните играчи да настапуваат за Германија доколку Марк Андре тер Штеген му го земе местото на Мануел Ноер во репрезентацијата.

Расправијата помеѓу Тер Штеген и Ноер доби нова димензија, откако од најголемиот германски клуб Баерн Минхен се заканија дека нема да ги пуштаат репрезентативците да играат за Германија.

„Тер Штеген го замени Ноер? Доколку се случи такво нешто, нема да дозволиме на ниту еден наш фудбалер да игра за репрезентацијата“, се закани Ули Хенес.

Според правилата на ФИФА, клубовите се должни да ги ослободат играчите или во спротивно им следува казна, па лидерите на Баерн очигледно не ги знаат законите и нивната закана е комична.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…