Германскиот клуб ја одреди цената на играчот за кого се заинтересирани неколку гиганти на европскиот фудбал.
Жером Боатенг неодамна изјави дека е спремен за нов предизвик и сака нова авантура.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Неговата таква изјава го вклучи алармото во бројни европски клубови, веднаш се јави Манчестер Јунајтед, а интерес покажаа Јувентус и Реал Мадрид.
Мурињо бара стопер кој ќе игра во тандем со Ерик Бејли, Јуве би можел да остане без Бенатија или Ругани, па потребен им е уште еден квалитетен дефанзивец, додека новиот тренер на „кралевите“, Хуан Лопатеги верува дека Боатенг би бил одличен во тандем со Рамос.
Сите три клуба секако се примамливи дестинации за Германецот, а Баерн според „Билд“ веќе ја одредил неговата цена.
Заинтересираниот клуб ќе мора на сметка на баварците да уплати сума од 60 милиони евра, па останува да видиме дали во наредниот период неколку клуб е спремен да ги исполни барањата на гигантот од Минхен.
BILD: Bayern Munich have named their price of €60million for defender Jerome Boateng. Manchester United are currently interested in him. pic.twitter.com/aSZUvuWYB5
— TransferNewsCentral (@TransferNewsCen) June 20, 2018