Примарна цел на Баерн Минхен ова лето ќе биде дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат германските медиуми.
Барселона во зимскиот преоден рок одби понуда од 70 милиони евра, но Баерн спрема нова офанзива на лето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова лето Баерн е спремен да го продаде Де Лихт и да испрати понуда од 90 милиони евра за Араухо, сума која Барса нема да може да ја одбие.
Притоа, Баварците ќе му понудат двојно поголема плата од таа која ја добива во Барселона, па и самиот Араухо е спремен да се пресели во Минхен.
Барселона поради финансиската ситуација мора да продаде една ѕвезда ова лето и не ја исклучува можноста тоа да биде Араухо.