Главна трансфер цел на Баерн Минхен на лето ќе биде Душан Влаховиќ, пренесуваат германските медиуми.
Српскиот напаѓач не се снаоѓа баш најдобро во Јувентус, наводно играта на тимот воопшто не му одговара и е спремен да ја промени средината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јувентус исто така е спремен да слушне понуди бидејќи е во финансиски проблеми после големиот скандал и казната, па најверојатно ќе остане без пласман во Лигата на шампиони.
Баерн е во потрага по врвен напаѓач, а со оглед на високата цена на Осимен, ќе се насочи кон Влаховиќ, кој е многу пореална опција во моментов.
Баварците се спремни да понудат 85 милиони евра плус 10 милиони евра како евентуални бонуси за Србинот.