Германските медиуми најавуваат дека Баерн Минхен ова лето ќе прави голема реконструкција на тимот и неколку големи ѕвезди сигурно ќе ја напуштат „Алијанц Арена“.
Новиот тренер Нико Ковач ќе добие одврзани раце да направи реконструкција на тимот и солиден буџет да донесе нови засилувања.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Прв на листата за заминување е Артуро Видал чиј договор истекува следното лето и нема намера да го продолжи. На излезна врата исто така се и Рафиња, Богатенг и Бернард.
Интересна е ситуацијата и со Левандовски, раководството сака да го задржи, но доколку напаѓачот инсистира да замине, тогаш Баерн е спремен да ги разгледа понудите кои ќе пристигнат.
Доаѓањето на Леон Горецка е веќе договорено, а договорот на Хамес Родригез сигурно ќе биде откупен. Ветераните Рибери и Робен ќе добијат нови едногодишно договори, но нема да имаат голема минутажа и клучна улога во тимот.
Неколку големи имиња се поврзуваат со трансфер во Минхен ова лето, како Макс Мајер, Антони Марсијал, Пауло Дибала, Малком…
Едно е јасно, од следната сезона ќе гледаме еден друг Баерн Минхен.