Ливерпул победи на гостувањето на „Џузепе Меаца“ (0:2) и со една нога е веќе во четвртфинале. Баерн Минхен се спасуваше од пораз против Салцбург (1:1).
Дербито во Милано ги оправда очекувањата, Интер и Ливерпул одиграа возбудлив натпревар, а „црвените“ на крајот излегоа како победници.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во првото полувреме гледавме израмнет фудбал. Првата голема шанса ја имаше Мане, но неколку минути подоцна Чалханоглу ја погоди стативата, па мрежите мируваа.
Домаќините подобро го отворија второто полувреме и имаа иницијатива, го контролираа мечот и создадоа неколку шанси, но не успеаа да постигнат гол.
Казната стигна во 76-та минута кога Фирмињо го матира Хандановиќ после еден корнер. Неколку минути подоцна Салах стави точка на мечот за голема победа на Ливерпул.
Тимот на Салцбург повторно покажа дека не се плаши против фаворити и имаше водство против Баерн Минхен до самиот крај.
Салцбург дојде до водство уште во 21-та минута со голот на Адаму, а гостите изтамнија преку Коман во 90-та минута.