Веќе е познато дека Баерн сака да се ослободи од Чилеанецот и по можност да заработи од неговиот трансфер.
Видал има доста проблеми со однесувањето, а дури беше и на суд во Германија поради инцидентот во една дискотека. Видал ја повикува управата на Баерн да го продаде само во еден клуб. Тој не се откажува, сака дома, во Јувентус. Чилеанецот ги поздрави повиците на навивачите на Јувентус да се врати, а неговиот агент ги убедува луѓето од Јувентус да го купат од Баерн.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За сега нема најава дека Јуве ќе го стори тоа, причините се главно проблемите со Чилеанецот надвор од теренот, но и цената, околу 40 милиони евра. Неговиот договор истекува следната година, а за него, покрај Јуве, заинтересиран е и Наполи, но тој не крие дека сака да се врати во Јувентус.
Марота наводно разговараше со Киелини и Барзаљи да го слушне нивното мислење за враќањето на Видал и дали соблекувалната може да го држи под контрола, но изгледа дека Јувентус не е подготвен да ризикува.