Дома Топ вести Баерн потврди дека го сака Сане – веќе спреми понуда!

Баерн потврди дека го сака Сане – веќе спреми понуда!

Германските медиуми веќе извесно време пренесуваатдека Баерн Минхен е силно заинтересиран за ѕвездата на Манчестер Сити, Лерој Сане, а сега стигна и потврда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германецот е одличен оваа сезона, постигна 15 гола и запиша 18 асистенции на 43 меча за „граѓаните“, но во последно време односите помеѓу Сане и Гвардиола се прилично ладни.

Како што пренесуваат германските медиуми, Сане донел одлука да не го продолжува договорот со Сити. Челниците му понудиле продолжување на соработката, но тој веднаш одбил.

Таквата ситуација сака да ја искористи Баерн Минхен кој веќе стапил во контакт со неговите агенти и е спремен да го врати Сане во Бундеслигата.

Првиот човек на германскиот шампион, Ули Хенес самиот потврди дека клубот е заинтересиран за Сане, а германските медиуми пренесуваат дека Баварците спремиле понуда од 70 милиони фунти.

Сане има договор со Сити до 2021 година, челниците на клубот се спремни да го продадат, но само за сума од 100 милиони евра, па се очекува двете страни наскоро да седнат на преговарачка маса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…