Како што пренесува француски Л’екип, на адресата на Лил стигнала понуда од еден италијански клуб од 70 милиони евра за Николас Пепе.
Во јануарскиот преоден рок Пепе одби плата од 11,5 милиони евра годишни, па Лил пропушти да заработи сума од 70 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Понудата од Италија е очигледно иста, а францускиот медиум пишува дека се уште не е познато дали се вклучени бонуси и клазули. Исто така е непознато за кој точно клуб се работи.
Lille have received an offer worth around €70m from Italy for Nicolas Pépé, according to tomorrow’s L’Équipe. More follows.
— Get French Football News (@GFFN) April 6, 2019
Претходно медиумите пренесоа дека Баерн испратиле понуда за играчот вредна 80 милиони евра, но подоцна истата информација беше демантирана од блиски извори на Скај.
„Баерн нема испратено понуда од 80 милиони евра за Николас Пепе, иако тоа го објавија француските медиуми. Преговори постојат, но некои конкретни понуди не.“ – пишува Скај.