Дома Фудбал Англија Баерн ослабен во нападот и одбраната во реваншот против Арсенал

Баерн ослабен во нападот и одбраната во реваншот против Арсенал

Серж Гнабри само што се врати и постигна гол за Арсенал, ќе мора да оди на нова пауза.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германецот се здоби со повреда на грбот, само што се опорави и се врати по долга пауза.

По натпреварот, Томас Тухел го пофали Гнабри, кој се врати по секоја цена за да му помогне на тимот, меѓутоа сега ќе го нема за следниот натпревар.

Според денешните информации, Гнабри ќе отсуствува околу три недели, па така сигурно нема да биде спремен за реваншот следната недела.

Покрај него, надвор од игра е и Алфонсо Дејвис, кој поради суспензија, односно жолти картони ќе го пропушти вториот меч со „топчиите“.

Останува да видиме што ќе смисли Тухел, веројатно Коман ќе го замени Гнабри, а опција лево е Рафаел Гереиро.

Натпреварот Баерн Минхен – Арсенал е закажан за в среда од 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…