Она што можете на „Алијанц Арена“ во Минхен не може на ниту еден друг стадион во светот!
Замислете да лежите во соба од хотел со пет ѕвезди и да ги гледате најдобрите фудбалери на светот? На „Алијанц Арена“ тоа е возможно.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Како гости на хотелот „Мериот“ имате можност од соба да гледате право на теренот на познатиот минхенски стадион.
Некои гледаат директно од трибините, други на малите ТВ екрани, а оние со подлабог џеб можат да си приуштат и вакво искуство.
Хотелот „Мериот“ е спонзор на Баерн Минхен до крајот на 2020 година, па ова е вид на соработка меѓу германскиот гигант и компанијата.