Дома Трансфер зона Баерн Минхен ја „украде“ младата ѕвезда на ПСЖ

Баерн Минхен ја „украде“ младата ѕвезда на ПСЖ

Баерн Минхен постигна договор со младата ѕвезда на ПСЖ, Танги Куаси, кој ќе биде првото засилување за германскиот шампион.

Куаси наскоро ќе наполни 18 години и важи за еден од најголемите таленти во Франција, а за неговиот потпис интерес покажаа уште Милан и Борусија Дортмунд.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Младиот дефанзивец оваа сезона се пресели во првиот тим на ПСЖ, веќе има вкупно 15 настапи, а дури и дебитираше во Лигата на шампиони.

Неговиот договор со ПСЖ истекува ова лето, па како слободен играч без обештетување ќе се пресели во Минхен.

Баварците ја испратија најдобрата понуда, 5-годишен договор тежок 2 милиони евра по сезона, па ја добија битката за неговиот потпис.

Наредната недела се очекува младиот Французин да пристигне во Минхен на лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја најде замената за Каземиро

Манчестер Јунајтед силен интерес за играчот на Астон Вила и бразилскиот репрезентативец, Д…