Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и шпански репрезентативец Дани Олмо.
Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории, од каде замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега блеска во дресот на Лајпциг и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а сака да направи и чекор напред во кариерата.
Тој во договорот има откупна клаузула од 60 милиони евра, која споменатите клубови се спремни да ја платат.
Баерн Минхен покажува најсилен интерес, сака да ја победи конкуренцијата и веќе работи на трансферот.
🚨 Bayern Munich have joined the race to sign Dani Olmo this summer!
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 23, 2024
The player has a release clause of €60M at RB Leipzig. 🤑
(Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/ZAuOidIriM