Баерн Минхен е силно заинтересиран за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанските медиуми пренесуваат дека баварскиот гигант веќе стапил во контакт со агентот на напаѓачот и нема да жали пари за да го доведе во Минхен.
Приоритет на Баерн следното лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, бидејќи не доведоа замена за Левандовски.
Сепак, Наполи нема лесно да се откаже од него и за слободата на Осимен бара 140 милиони евра.
Баерн е спремен да ги собори сите рекорди во Бундеслигата и за потписот на Осимен да понуди 120 милиони евра.
Осимен се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа и оваа сезона е прв стрелец во Серија А, но Баерн ќе има голема конкуренција бидејќи за него интерес покажуваат и клубовите од Премиер лигата.