Баерн Минхен е најголемиот фаворит за освојување на Лигата на шампионите, објави „Платформа 538“, која се занимава со аналитички проценки на сите релевантни фудбалски натпреварувања.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според оваа проценка, Баерн има 21 проценти шанси да ја освои Лигата на шампионите. На второто место е Манчестер Сити со 18, додека Пари Сен Жермен е трет со 13.
Ливерпул е четврти фаворит во оваа сезона во со 11, додека првакот Реал Мадрид е петти со шест проценти.
Најмалку шанси да триумфира има Макаби Хаифа, или поточно на израелскиот шампион му се даваат помалку од еден процент да слави во најдоброто европско клупско натпреварување.