Мануел Нојер своевремено беше еден од најдобрите, ако не и најдобриот голман на светот. Сепак, повредите веќе од поодамна си го направија своето, а веќе проблем се и годините.
Поради тоа во Баерн се во потрага по нов голман, “единица“ за иднина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наводно, тоа би требало да биде 23-годишниот чувар на мрежата на Шалке, Александер Нубел. Како што пренесеува Билд, Нубел нема намера да го продолжи договорот со Шалке, кој истекува следното лето и наводно веќе постигнал договор со Баерн, каде ќе пристигне како слободен играч.
Нубел од претходната сезона е стандарден во Шалке, а веќе ја носи и капитенската лента во тимот од Гелзеркинхен.
Интересно, Баерн и Нојер го донесе од Шалке, пред нешто повеќе од осум години. Сепак, за Нојер тогаш клубот од Минхен издвои околу 30 милиони евра, додека Нубел би требало да стигне бесплатно.
Дали овој 23-годишен голман ќе го облече дресот на Баерн останува да видиме по истекот на тековната сезона…