Баерн Минхен во јануарскиот преоден рок како примарна цел ќе има да доведе засилување за одбраната.
Имено по повредите на Никлас Суле, Лука Хернандес, Баерн Минхен е во потрага по централен дефанзивец бидејќи имаат дефицит на таа позиција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што пренесуваат германските медиуми Баерн е заинтересиран во своите редови да го донесе францускиот репрезентативец од Барселона, Самуел Умтити кој не добива голема минутажа од Ернесто Валверде.
Умтити поголем дел од минатата сезона ја пропушти поради повреда, па го загуби местото во стартниот тим. Поради тоа Барселона е спремна да го продаде доколку пристигне примамлива понуда.
Како алтернатива за Умтити, Баварците го сакаат фудбалерот на Атлетик Билбао, Нунез.
22-годишниот дефанзивец игра одлично оваа сезона, а во договорот со Билбао има откупна клаузула од 30 милиони евра, што нема да биде проблем за Баерн.