Приоритет на Баерн Минхен во зимскиот преоден рок е доведување на дефанзивец, бидејќи Тухел сака да ја засили десната бековска позиција.
Баварците веќе неколку недели се обидуваа да го доведат Мукиеле од ПСЖ и Трипие од Њукасл, но без успех, па се насочија кон други цели.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега информациите велат дека почнале преговори со Галатасарај за 23-годишниот Французин, Саша Бое.
Двата клуба се во напредни преговори, а играчот веќе се договори со клубот од „Алијанц Арената“. Се очекува утре Бое да пристигне во Минхен на лекарски прегледи и да го комплетира трансферот.
🚨 Sacha Boey is expected for a medical in Munich tomorrow ahead of a move to Bayern from Galatasaray.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 25, 2024
(Source: @BILD_Sport) pic.twitter.com/BLiL6WxQCh