Во терминиот од 15:30 часот во германската Бундес лига беа одиграни пет натпревари.
Баерн Минхен конечно одигра натпревар каков што сите очекуваат од овој германски гигант и со 0:4 на гостински терен го совлада Хановер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баерн Минхен на самиот старт најави фантастичен натпревар и уште во втората минута отвори преку Џошуа Кимих. После половина час Баерн стигна и до зголемување на предноста и тоа преку Давид Алба кој погоди со вистински проектил.
Со предноста од 0:2 Баерн замина на полувремето.
Во вториот дел Серж Гнабри зголеми на 0:3, а само пет минути подоцна Роберт Левандовски постигнува гол за конечни 0:4.
Со оглед на тоа како играше Баерн во овој натпревар Хановер може да биде и задоволен со овие четири примени голови во својата мрежа бидејќи баварците можеа да забележат и многу уште поубедлива победа.
Доволно е да се каже дека избраниците на Ковач имаа повеќе од 30 удари кон голот на противникот.
Во останатите натпревари Аугусбург и Шалке одиграа 1:1, Фортуна со 2:0 славеше против Фрајбург, Штудгарт на свој терен беше подобар од Херта со 2:1, додека Хофенхајм и Борусија Менхенгладбах одиграа без голови 0:0.