Главна трансфер цел на Баерн Минхен на лето ќе биде Душан Влаховиќ, пренесуваат германските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Српскиот напаѓач не се снаоѓа баш најдобро во Јувентус и после лошата сезона е спремен да ја промени средината.
Јувентус исто така е спремен да слушне понуди бидејќи е во финансиски проблеми после казната и неиграњето во Лигата на шампиони.
Баварците се спремни да му понудат трампа на Јувентус, така што во Торино ќе го испратат Садио Мане плус пари за Влаховиќ.
Мане не се снајде во Минхен, Јувентус е заинтересиран за Сенегалецот, па се очекува наскоро да започнат преговорите.