Милан и Баерн Минхен се силно заинтересиран за напаѓачот на Ајнтрахт и француски репрезентативец, Коло Муани.
Милан го следеше Муани уште минатото лето како играч на Нант, но тогаш Французинот се пресели во Ајнтрахт Франкфурт.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сезонава 23-годишниот напаѓач на Ајнтрахт постигна осум гола и забележа 11 асистенции, а и на Мундијалот остави одличен впечаток.
Сега двата европски гиганти ќе се борат за неговиот потпис, а неговата цена порасна до 40 милиони евра.
Баерн е во потрага по напаѓач и Муани е на врвот на листата желби, а Милан го сака бидејќи Французинот може да игра на повеќе позиции во нападот.