Италијанските и германските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ова лето ќе водат битка за потпист на фудбалерот на Милан, Рикардо Родригез.
Швајцарскиот репрезентативец минатото лето пристигна во Милан за 18 милиони евра и одигра солидна прва сезона во Серија А.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Германските клубови одлучно ги познаваат квалитетите на Родригез со оглед на фактот што неколку години го носеше дресот на Волфсбург.
„Скај Италија“ пренесува дека се уште нема никакви преговори за трансфер, но двата клуба веќе се сврзале со агентот на Швајцарецот.
Сепак, тешко е да се поверува дека „росонерите“ ќе го пуштат да замине, бидејќи Родригез ужива голема доверба кај тренерот Џенаро Гатузо.