Дома Трансфер зона Баерн замената за Ноер ја пронајде во Манчестер

Баерн замената за Ноер ја пронајде во Манчестер

Баерн Минхен е силно заинтересиран за младиот голман на Манчестер Јунајтед, Дин Хендерсон, пренесуваат германските медиуми.

21-годишниот голман оваа сезона игра на позајмица во Шефилд Јунајтед и со своите партии предизвика голем интерес кај европските гиганти.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Англиските медиуми тврдат дека за него интерес покажуваат уште Арсенал, Јувентус и Тотенхем, но интересот на Баварците е најсилен.

Минатото лето Хендерсон потпиша нов двегодишен договор со Манчестер Јунајтед, со опција истиот да биде продолжен на уште една година.

Младата надеж на англискиот фудбал оваа сезона има десет меча без примен гол во Чемпионшип.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…