За време на паузата во германската Бундеслига, Франк Рибери отпатува во Дубаи и таму го проба светски познатото јадење, бифтек валкан во 24-каратно злато која чини 1.200 евра и која му ја спремил турскиот кувар Нусрет Гокче.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Рибери го постираше видеото на социјалните мрежи, поради што следуваа остри критики на негова сметка, а тој жестоко одговори.
„Не ви должам ништо. За својот успех сум му благодарен само на Бог, себе и на роднините. Останатите се само прашина на чорапи. Да почнеме со овие љубоморни, лути и родени поради дупнат кондом. Да ви е*ам мајката, бабата и цело семејно стебло“, напиша Рибери.
Ваквото однесување на францускиот фудбалер ја шокираше јавноста, а од Баерн веднаш порачаа дека Рибери ќе биде казнет.
„Рибери е казнет со многу висока казна и ние сме изненадени од неговото однесување. Тоа што е јасно е дека никогаш нема да толерираме такво однесување“, порача спортскиот директор, Салихамиџиќ.