БИЛД објави дека Баерн за следната сезона ќе добие комплетно нов дизајн на дрес, каков што досега не е виден.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Баерн последните години го носеше црвено-белиот домашен дрес, а оваа сезона се префрли на класична верзија со повеќе бело отколку црвено.
Ова би можело да се промени следната сезона, ако му се верува на доверливиот сајт Footyheadlines.
Станува збор за дрес со риги кои се црвени и се разликуваат само по нијанса на боја. На дресот ќе има дебели темноцрвени и светлоцрвени риги.
„Билд“ тврди дека вакви дресови на Баерн досега не биле видени, но и дека повеќе потсетуваат на традиционалниот дрес на Баерн отколку претходните дресови.
Баерн во последните години пробуваше различни варијанти во Лигата на шампионите, па на дресот можеа да се најдат бои како виолетова, златна, црна и тиркизна…