Дома Фудбал Лига на шампиони Баерн го натажи Левандовски, Ливерпул едвај до победа🎥

Баерн го натажи Левандовски, Ливерпул едвај до победа🎥

Баерн Минхен го доби дербито со Барселона (2:0), Ливерпул стигна до тешка победа против Ајакс (2:1)

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако Барселона во првото полувреме беше подобра и имаше повеќе шанси. Левандовски во првото полувреме имаше две чисти шанси, но не успеа да го совлада Мануел Ноер, а тоа го казнија Баварците.

Најпрво Хернандес го донесе Баерн во водство после еден корнер во 51-та минута, а само три минути подоцна Сане зголеми  на 2:0. Гави имаше одлична шанса да ја врати неизвесноста, но ја погоди статувата.

Ливерпул многу потешко од очекувањата дојде до победа против Ајакс. Се почна добро за „црвените“ откако Салах погоди за 1:0, но неколку минути подоцна Ајакс израмни на 1:1.

Ливерпул во второто полувреме создаде многу шанси, а голот за победа го постигна Матип во 89-та минута.

Баер Леверкузен го совлада Атлетико со 2:0, а перфектната ноќ на Германците ја комплетира Ајнтрахт со победата во Марсеј (0:1). Бриж го прегази Порто на гостувањето со 4:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Флик веќе ја избра замената за Левандовски, доаѓа за 45 милиони евра!

Се обидоа челните луѓе на Барселона да направат сè за да се договорат околу нов договор со…