Алфонсо Дејвис е се поблиску до заминување од Минхен, иако Баерн и Реал Мадрид се уште не постигнале конечен трансфер договор.
Реал е оптимист дека ќе може да го ангажира фудбалерот кој има договор со Баерн до 2025 година, но тој веќе неколку пати одби да го продолжи, па Баварците се во ситуација да размислуваат за негова продажба на крајот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според Marca, Реал е подготвен да понуди 35 милиони евра за канадскиот репрезентативец, но Баерн сака повеќе, најмалку 40-45 милиони евра.
Во меѓувреме, Баерн веќе се подготвува за евентуално заминување и не сака да биде изненаден од одлуката на Дејвис. Според информациите на Спорт Билд, газдите веќе имаат соодветна алтернатива на својот радар. Доколку Дејвис навистина замине, Баерн ќе тргне по Тео Ернандез (26), фантастичниот играч на Милан.
Ернандез е капитен на Росонерите и еден од најдобрите играчи на Милан, кој го донесе од Реал Мадрид. Тој неодамна го забележа јубилејниот 200-ти настап за Росонерите и има навистина силна врска со италијанскиот гигант.
Досега упорно кажуваше дека ќе остане во Милано, но интересот на Баерн може да го натера Французинот да се премисли. Во Милан се свесни дека ќе биде тешко да се задржи Рафаел Леао, кого ПСЖ го гледа како замена за Килијан Мбапе, но и за Ернандез, кој важи за еден од најдобрите играчи во светот.
Милан внимателно ќе чека Баерн да чукне на врата, но на Сан Сиро не сакаат да размислуваат за понуди под 100 милиони евра, иако мора да бидат свесни дека Тео има договор до летото 2026 година.