Фудбалерите на Баерн Минхен, Никлас Зуле и Џошуа Кимих жалат поради промашените многубројни прилики против Реал Мадрид и порачуваат дека резултатот не е реален.
Реал Мадрид после пресврт славеше во Минхен со головите на Марсело и Марко Асенсио, а за домаќините погоди Кимих. Домаќинот на оваа средба пропушти голем број прилики и тоа може скапо да ги чини.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Никогаш не сум видел вака слаб Реал како ви Минхен, промашивме многу прилики. Можевме да победиме 5:2“, изјави младиот дефанзивец Зуле.
На неговите зборови се надоврза и стрелецот на голот за Баерн.
„Јас би кажал дека реално требаше да победиме со 7:2“, заклучи Кимих.
Реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ на програмата е во вторник, секако со почеток во 20:45 часот.