Давид Бабунски неодамна потпиша договор со романскиот прволигаш Ботошани, но е во изолација поради коронавирусот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, македонскиот фудбалер и во домашни услови напорно тренира за да биде во одлична форма.
Бабунски објави видео од неговиот тренинг во карантин, но испрати и моќна порака во овие тешки моменти.
„Натерајте ме во карантин во хотелска соба. Оставете ме среде море, заклучете ме во затворска ќелија, оставете ме среде пустина… Се додека можам светско да го користам единственото нешто што можам да го носам со себе и не можете да ми го одземете – мојот УМ – ништо не може да ме запре да продолжам да учам, напредувам и подобрувам одредени работи од себе“, напиша Бабунски.