Дома Македонски спорт Бабунски со импресии за ситуацијата со неговиот брат: Фудбалот режира чуда! (ФОТО)

Бабунски со импресии за ситуацијата со неговиот брат: Фудбалот режира чуда! (ФОТО)

Во втората јапонска лига за викендот се случи навистина ретка ситуација која можеби и повеќе никогаш нема да биде повторена, а актери во истата беа македонските фудбалери, браќата Доријан и Давид Бабунски.

Имено, Давид и Доријан настапуваат во јапонската втора лига во тимовите на Омија и Мачида, а овие две екипи се сретнаа за викендот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во Омија игра Давид, додека Доријан е член на Мачида. Двајцата не беа во стартниот тим на своите тимови, а во текот на натпреварот се случи несекојдневен момент. Тренерите на Мачида и Омија се одлучија во иста минута на теренот да ги испратат двајцата браќа.

Браќата Бабунски прво се прегрнаа па влегоа на теренот, а Давид своите импресии од оваа ситуација ги сподели на неговиот Твитер профил.

„Колкави се шансите да се случи вакво нешто? Некогаш фудбалот режира чуда! Благодарен сум што го доживеав еден од најдобрите моменти во мојата кариера. Те сакам брате“, гласи објавата на Твитер профилот на Давид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…