Македонската А репрезентација ги започна подготовките за плејоф натпреварот против Италија за пласман на Светското првенство во Катар.
Повратникот во најдобриот национален тим, Давид Бабунски e оптимист пред историскиот меч и смета дека Македонија има шанси против актуелниот европски шампион.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Среќен сум што повторно сум дел од најдобрата македонска репрезентација. Ја имам истата желба и гордост како и првиот пат кога настапив за Македонија. Свесни сме за предизвикот кој ни следува, но оваа репрезентација покажа дека може да се надигрува со најголемите селекции. Ќе излеземе на терен и ќе дадеме се од себе за да победиме. Подготвени сме за ваков предизвик. Нема што да изгубиме, ќе играме со срце за победа“, истакна Бабунски.
Фото: ФФМ