Дома Останати Тенис А каде е Ноле? – Федерер е најдобриот на сите времиња во „белиот спорт“ согласен е Надал!

А каде е Ноле? – Федерер е најдобриот на сите времиња во „белиот спорт“ согласен е Надал!

Шпанскиот тениер, Фелисијано Лопез тврди дека тој и Рафаел Надал се согласни дека Роџер Федерер е најдобар тенисер во историјата на „белиот спорт“.

Во разговор за едно шпанско радио, искусниот играч наведе дека нема дилеми дека Швајцарецотр е подобар од неговиот сонародник Надал, како и Србинот, Новак Ѓоковиќ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што порача, со тоа се сложил и самиот Надал кога тие двајца зборувале.

„Тоа му го кажав и на Надал, тој се согласи дека Швајцарецот е најдобриот на сите времиња“, наведе Лопез.

Лопез уште не ја завршил својата кариера, но од следната година ќе има должност да биде директор на Мастерсот во Мадрид, каде ќе го замени легендарниот, Манола Сантана.

„Тоа е за мене нова димензија, но зад себе имам одличен тим кој ми помага. Учам доста, ова е голема шанса за мене, но и голема одговорност“.

Како што вели 37-годишниот Шпанец, за него следната година ќе биде последна во однос на професионалното играње тенис.

„Би сакал да играм следната сезона и ако се мине како што планирам, тоа ќе ми биде последна година да се занимавам со „белиот спорт“. Планот е да ја завршам кариерата додека сум се уште конкурентен“, заклучи Лопез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Изјава која не ветува: Дали Надал уште еднаш ќе ги разочара фановите?

Веројатно најдобриот тенисер на сите времиња кога е во прашање играњето на земјена подлога…