Дома Трансфер зона И богатите Арапи почнаа да се смеат кога видоа колку пари бара Ромелу Лукаку

И богатите Арапи почнаа да се смеат кога видоа колку пари бара Ромелу Лукаку

Ромелу Лукаку (30) доби понуда од Саудиска Арабија. Ал Хилал му понудил на Белгиецот повеќегодишен договор вреден 20 милиони евра по сезона, плус бонуси, но тој го одбил и побарал огромни 90 милиони евра.

Ромелу Лукаку не блескаше во последните две години, како и во поголемиот дел од својата професионална кариера во која само повремено покажуваше зошто му предвидуваат одлична кариера.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Заминувањето од Интер во Челзи во 2021 година се покажа како грешка. Лукаку „исчезна“, а по враќањето кај „нероаѕурите“ не е ни сенка на напаѓачот кој на овој тим му ја донесе шампионската титула.

Сепак, и покрај тоа што не блеска, Лукаку како и многу други фудбалери доби профитабилна понуда од Саудиска Арабија. Ал Хилал му понудил повеќегодишен договор вреден 20 милиони евра по сезона, но Лукаку одбил.

Белгиецот очигледно мисли дека вреди многу повеќе. Тој од богатите Арапи побарал цифра од 90 милиони евра годишно, на што тие само се смееле, i сигурно е дека ништо нема да биде од неговото заминување во Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона и Наполи спремаат голема трампа

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…