Дома Фудбал Ањели: Фудбалската индустрија ќе загуби 8 милијарди евра

Ањели: Фудбалската индустрија ќе загуби 8 милијарди евра

Првиот човек на Јувентус и на Здружението на европски клубови, Андреа Ањели даде своја прогноза за финансиските загуби од пандемијата.

Пандемијата силно ја погоди и фудбалската индустрија, а Ањели смета дека вкупните загуби ќе надминат 8 милијарди евра.

„Живееме во време на пандемија од коронавирус. Направивме голема работа што ја завршивме минатата сезона, а се уште не сме во позиција целосно да разбереме што не чека. Финансиската криза можеше да се забележи на трансфер пазарот. За оваа година дена потрошивме дури 2,6 милијарди евра помалку отколку минатата година. Кога ги гледам најоптимистичките прогнози доаѓам до заклучок дека фудбалската индустрија ќе загуби помеѓу 6 и 8,5 милијарди евра“, истакна Ањели.

Првиот човек на „старата дама“ вели дека сега е време да се направи долгорочна стратегија во фудбалот.

„Мораме да имаме визија што ќе правиме во наредните 10, 15, 25 години. Мораме да видиме како понатаму бидејќи вака не е одржливо на подолги стази“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две мајстории за будење на Јувентус: Алајбеговиќ и Бога го урнаа Наполи!

Јувентус славеше со 2-0 во дербито со Наполи, а победата ја донесоа два прекрасни удари од…