Холандскиот гигант Ајакс оваа сезона се врати на европската сцена.
Со години наназад Ајакс играше прилично неважна улога во европските натпреварувања. Сепак, оваа сезона со неверојатно талентираната генерација тие се вратија на победничките патеки.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Вистинска штета е што добар дел од играчите на овој тим на Ајакс нема да играат во Амстердам наредната сезона. Големите европски клубови „загризаа“ за младите ѕвезди на Ајакс и тие сигурно ќе останат без прилично голем број фудбалери.
Френки Де Јонг веќе е продаден на Барселона за 75 милиони евра, а вкупно Ајакс ова лето од трансферите би можел да заработи 300 милиони евра.
По стапките на Де Јонг веројатно ќе тргне и фантастичниот дефанзивец Матијас Де Лихт. Тој наводно веќе постигнал договор со Барселона која за него би платила сума од околу 60-70 милиони евра.
На излезни врати е и голманот Андре Онана. И него го сака Барселона, на пат кон Премиер лигата може да тргнат бековите на Ајакс. За десниот бек Ноусаир Мазаруи заинтересирани се Манчестер Јунајтед, Арсенал и Ливерпул, додека Николас Таљафико го привлече интересот на Арсенал.
Бразилецот Давид Нерес со своите настапи исто така воодушеви многумини. Интересно е што Ајакс одби 43 милиони евра за услугите на Нерес во зимскиот преоден рок од Гвангжу. Сега неговата цена е поголема поради уште подобрата форма во вториот дел од сезоната.
Уште еден кој би можел да замине е Душан Тадиќ. Иако дојде од Саутемптон минатото лето српскиот фудбалер привлече големо внимание и Ајакс би можел да добие три пати поголема сума отколку што плати за него. Неговата цена во овој момент е околу 30 милиони евра.
Низата играчи кои веројатно ќе го напуштат Ајакс ја затвараат Дон Ван Де Бек и Хаким Зијеш. За првиот интерес покажува Реал Мадрид, додека Зијеш е следен од Баерн Минхен.