Дома Фудбал Останато Ајакс не го дава Тен Хаг – спреми нов договор

Ајакс не го дава Тен Хаг – спреми нов договор

Ајакс игра фантастична сезона и се пласира во полуфиналето од Лигата на шампиони, а еден од најзаслужните за успехот е секако тренерот, Ерик Тен Хаг.

Половина тим на Ајакс е на мета на богатите европски клубови, многу од фудбалерите ќе заминат на крајот на сезоната, но затоа раководството на Ајакс реши да го задржи тренерот Тенх Хаг и му спреми нов договор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сегашниот договор на 49-годишниот Холанѓанец е до крајот на следната сезона, но раководството му нуди нов договор до летото 2024 година.

Спортскиот директор на тимот од Амстердам, Марк Овермарс, изјави дека преговорите ќе започнат наскоро и очекува двете страни брзо да најдат заеднички јазик.

„Овие денови треба да се видеме со Ерик за да разговараме за се. Верувам дека се ќе биде во најдобар ред. Тој е многу успешен во својата работа и продолжување на соработката ќе биде добра вест за Ајакс“, изјави Овермарс.

Холандските медиуми пренесуваат дека новиот договор на тренерот е само формалност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…