Дома Останати Тенис Атомски тенис: Медведев после скоро пет часа борба до полуфиналето на Австралија Опен!

Атомски тенис: Медведев после скоро пет часа борба до полуфиналето на Австралија Опен!

Во четврфиналето на Австралија Опен фантастичен меч одиграа Феликс Ожер-Алиасим и Данил Медведев.

После голема борба и пет сета славеше Медведев со 2:3 во сетови (7:6, 6:4, 6:7, 5:7, 4:6). Мечот траеше скоро пет часа. Првиот сет понуди спектакуларен тенис, голема борба, а после тај-брејк славеше Канаѓанецот со 7:6. Во тај-брејк резултатот беше 7:4.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во вториот сет Алиасим го засили ритамот и го доби сетот со 6:4, па така дојде до големи 2:0 во сетови. Тогаш на сцена стапи Медведев.

Третиот сет донесе реприза на првиот. Многу борба, убави поени и на крајот се решаваше во тај-брејк. Овој пат Медведев го освои со 2:7. Атомскиот тенис продолжи и во четвртиот сет од двете страни. Канаѓанецот имаше меч топка на сервис на Медведев, а Русинот успеа да се извлече и изедначи на 2:2 со 5:7. Така мечот влезе во одлучувачкиот петти сет.

Во петиот се при резултат 1:1 Медведев прави брејк кој го задржа до крајот на сетот за конечни 4:6 и триумф од 2:3. Во полуфиналето Медведев ќе игра против Циципас, додека во другото полуфинале ќе се сретнат Надал и Беретини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …