Вчера Вардар го напуштија Даинис Криштопанс и Павел Атман, Криштопанс се пресели во Фуксе Берлин, додека Атман потпиша за Спартак Москва.
Причината за заминувањето на двајцата ракометари е финансиската ситуација во Вардар која е и тоа како лоша. Атман во изјава за новиот клуб, откри дека во Вардар за седум месеци колку што беше тука не земал ниту една плата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ги добив документите од Вардар и го реализирав трансферот во Спартак. Иднината на Вардар е неизвесна и никој не знае до кога ќе биде вака. Ако проблемите продолжат веројатно и другите ќе си заминат. Од кога пристигнав во Вардар немам земено плата. Се вративме во Москва затоа што сме во една специфилна ситуацијата, сопругата е бремена со второ дете и морав да донесам одлука“, изјави Атман.