Шпанските медиуми пренесуваат дека Атлетико Мадрид поднел тужба против Барселона до ФИФА за нелегално преговарање за трансфер со Антоан Гризман.
Атлетико смета дека Барселона спротивно на правилниците за трансфери на фудбалери, нелегално пристапила и се обидела да го врбува Гризман.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Атлетико ја тужи Барселона за контактирање со Антоан Гризман затоа што тој е под договор со нас. Ваквиот чин може директно да влијае на борбата за титулата во Ла Лига затоа што двата клуба имаат шанси за неа”, се вели во соопштението од Атлетико.
Гризман има откупна клаузула од 100 милиони евра, а директорот на Барселона, Гилерме Амор отворено призна дека има „големи шанси“ Французинот да се пресели на „Камп Ноу“.
Ова може да биде проблем за Барселона доколку ФИФА утврди дека Каталонците нелегално го контактирале играчот.
Целата ситуација внилателно ја следи Манчестер Јунајтед кој исто така силно е заинтересиран за потписот на Антоан Гризман.
BREAKING: Atletico Madrid are to report Barcelona to Fifa over an alleged illegal approach for Antoine Griezmann.
New Euro Leagues podcast:
? https://t.co/zyMnSEoCjK pic.twitter.com/CM1xckTvjg— BBC 5 live Sport (@5liveSport) December 19, 2017