Во рамки на Лига Европа вечерва во терминот од 20:05 се одиграа последните шест натпревари.
Атлетико славеше на гостувањето во Копенхаген, со 4:1. Фишер го донесе домашниот тим во водство во 15. минута од мечот, но тоа траеше дури пет-шест минути. Нигез израмни на асистенција на Гризман, а до полувремето „Јорганџиите“ направија пресврт во своја корист благодарение на Гамеиро.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во продолжението уште два погодоци во мрежата на Данците, Гризман и Витоло беа стрелци.
Лајпциг со победата во Наполи направи голем чекор кон осминафиналето. Наполи поведе преку Унас на почетокот на второто полувреме, но Вернер и Брума режираа пресврт и натпреварот заврши со резултат 1:3.
Стеауа славеше над Лацио пак, во Букурешт. Французинот Гохер им донесе триумф на Романците, го постигна единствениот погодок на мечот по половина час игра.
Минимален триумф запиша и Селтик против Зенит, Мекгрегор му донесе победа на шампионот на Шкотска во 78. минута.
Лион направи голем чекор кон следната рунда, па пред својата публика славеа над Виљареал со 3:1.
Ндомбеле и Фекир ги постигнаа првите два погодоци за домашните на почетокот на второто полувреме, Форналс намали на 2:1во 63. минута, а конечниот резултат го постави Депај десеттина минути пред крајот.
Истиот резултат беше и на мечот помеѓу АЕК и Динамо Киев.