Дома Трансфер зона Атлетико призна: Немаме многу ресурси за засилувања!

Атлетико призна: Немаме многу ресурси за засилувања!

Атлетико Мадрид изминатите неколку дена интензивно се поврзува со можен трансфер на Единсон Кавани, кој е на излезна врата од ПСЖ.

Сега генералниот директор на Атлетико Мадрид, Мегл Ангел Хил Марин изјави дека клубот посакува да донесе нов напаѓач во зимскиот преоден рок, но имаат ограничени финансиски ресурси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Размислуваме за преодниот рок, иако имаме малку простор за маневар со оглед дека 90% од приходите на екипата ги вложивме, а мораме да пазиме на финансискиот фер плеј кој е многу строг”, изјави Гил Марин.

„Ќе ги анализираме сите трансфери кои можеме да ги завршиме, а мораме да бидеме свесни дека Диего Коста нема да биде спремен до крајот на февуари. До тогаш имаме 18 натпревари, а го имаме само Алваро Мората. Иако сме многу ограничени, посакуваме нов пласман во Лига на шампионите, да го поминеме Ливерпул и да го освоиме шпанскиот Суперкуп”, додаде Гил Марин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Симеоне го носи Дибала во Атлетико

Шпанските  медиуми пренесуваат дека најголема желба на Атлетико Мадрид во летниот преоден …