Францускиот напаѓач Антоан Гризман одлучи кариерата да ја продолжи во Атлетико Мадрид со кој потпиша нов договор до 2023. година.
Во претходните неколку недели траеше трансфер сагата околу Гризман и негово евентуално заминување во Барса. Иако многу веруваа дека тоа е завршена работа на крајот Французинот го изненади каталонскиот клуб со одлуката дека останува во Мадрид.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, шпанските медиуми пренесуваат дека Гризман имал преддоговор со Барселона и поради тоа Атлетико Мадрид мора да ги подмири обврските спрема Барса. Наводно, мадридскиот клуб на сметката на каталонците ќе треба да уплати околу 20 милиони евра бидејќи Гризман го прекршил преддоговорот.
Поради тоа најверојатно ќе има промена и во годишната заработка на Гризман во Атлетико. Фудбалерот со новиот договор требаше да заработува 23 милиони евра, но тоа сега ќе изнесува 19 милиони кога ќе се исплати сумата на Барселона.