Дома Трансфер зона Атлетико му нуди спас, по пропастот и лошото издание во Милан?!

Атлетико му нуди спас, по пропастот и лошото издание во Милан?!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, екипата од шпанската престолнина е заинтересирана за фудбалерот на „Росонерите“.

Пристигна Никола Калиниќ во смирениот летен преоден рок во 2017. година на „Сан Сиро“, на инсистирање на Винченцо Монтела.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дојде со епитет на еден од најдобрите стрелци во Серија А, а ќе замине како едно од најголемите промашувања на управата на Милан.

„Росонерите“ сакаат да го продадат, Франкфурт, Шалке и московски Спартак веќе испратија понуди, но сега во трката се вклучи и Диего Симеоне со својот Атлетико.

Аргентинецот како што се наведува веќе остварил телефонски разговор со Хрватот, кој е исфрлен од репрезентацијата веќе по првиот меч на Мундијалот, бидејќи одби да влезе во игра од клупата против Нигерија.

„Чоло“ изгледа верува во неговите квалитети, а Атлетико подготви понуда од 22-25 милиони за услугите на Калиниќ, што се чини би било доволно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…