Дома Трансфер зона Атлетико Мадрид и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивецот на Сити

Атлетико Мадрид и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивецот на Сити

Диего Годин после осум години ќе го напушти Атлетико Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во Интер.

Атлетико не седи со скрстени раце и веќе работи за ангажирање на играч кој ќе биде адекватна замена за Уругваецот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


АС пишува дека Атлетико тргнал во преговори за трансфер на Отаменди, 31- годишниот дефанзивец на Манчестер Сити.

Отаменди играше брилијантно претходната сезона, додека во оваа сезона го изгуби местото стартер, па на крајот на сезоната би можел да ја промени средината.

Спортскиот директор на мадридскиот клуб, Берта веќе зборувал со Мендеш и враќањето на Аргентинецот во Ла Лига е се поизвесно. Меѓутоа, „јорганџиите“ ќе мораат да ја победат конкуренцијата бидејќи за Отаменди силен интерес покажува и Јувентус.

„Бјанконерите“ ќе прават рекоснтрукција на одбраната и во Аргентинецот гледаат идеална замена за Барзаљи, кој заминува во пензија на крајот на сезоната.

Отаменди претходно настапуваше за Валенсија од каде во август 2015 година за 45 милиони евра премина во Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…