Дома Трансфер зона Атлетико Мадрид го сака Чалханоглу

Атлетико Мадрид го сака Чалханоглу

Италијанските медиуми пренесуваат дека Атлетико Мадрид е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Хакан Чалханоглу.

Турскиот репрезентативец во последно време игра во фантастична форма и е клучен играч кај „росонерите“,  но проблем за Милан е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан сака по секоја цена да го задржи на „Сан Сиро“ и веќе започна преговори со неговиот агент, но двете страни не можат да се договорат.

Ситуацијата будно ја следи Атлетико Мадрид кој е спремен да ги задоволи финансиските барања на Чалханоглу и да го донесе на „Ванда Метрополитано“.

Милан ќе се обиде по секоја цена да избегне такво сценарио и веќе ја подобрил понудата за турскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го најде наследникот на Жиру

„Росонерите“ веќе почнаа да работат на засилувањата за следната сезона и позната е најголе…