Дома Трансфер зона Атлетико го задржа капитенот до 2018!

Атлетико го задржа капитенот до 2018!

Капитенот на Атлетико Мадрид, Габи, потврди дека со клубот договорил продолжување на соработката и ќе остане на „Винсенте Калдерон“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот договор на Габи со Атлетико важи до крајот на сезоната, но тој реши најмалку до 2018 година да го носи дресот на „јорганџиите“.

„Веднаш се договоривме. Лесно постигнав договор со саканиот клуб. Се додека можам да играм на ниво кое го бара Атлетико ќе бидам тука“, изјави Габи.

33-годишниот Габи ја мина младинската школа на Атлетико, потоа играше за Гетафе и Сарагоса, а во 2011 година се врати во матичниот клуб.

Габи со Атлетико има освоено четири титули (Примера, Купот на Кралот, Лига Европа и Суперкуп на УЕФА), но и загуби две финалиња во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…