Дома Македонски спорт Атанасов: Знам дека Краковија е голем клуб, среќен сум што доаѓам тука

Атанасов: Знам дека Краковија е голем клуб, среќен сум што доаѓам тука

Oд вчера македонскиот репрезентативец Јани Атанасов и официјално е нов фудбалер на Краковија од Полска со која потпиша договор на три години.

Во редовите на Краковија Атанасов пристигнува од Хајдук на шест месеци пред истекот на договорот. Хрватските медиуми пренесуваат дека трансферот ќе изнесува 300.000 евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Среќен сум што доаѓам во Краковија. Имам неколку пријатели од Полска кои ми кажаа дека Краковија е голем клуб, но јас го следев полскиот фудбал и знам за колку голем клуб се работи“, изјави Атанасов.

Атанасов ги повикува навивачите да им дадат поддршка.

„Зад себе имам три клуба, но мислам дека Краковија е ново големо ниво. Навивачите од следниот натпревар ќе видат каков фудбалер сум, сакам да играм со топка, сакам тим кој има посед на топка…

Имам порака за навивачите да дојдат и да нѐ поддржат, да видат каков стил играме, се надевам дека ќе бидеме добри и дека сите ќе биат среќни“, порача македонскиот репрезентативец.

Договорот кој го потпиша со Краковија важи до јуни 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…