Некогашниот младински репрезентативец Давид Атанаскоски е блиску со својот Шахтер Караганди да игра финале во Купот на Казахстан.
Денес со еден постигнат гол Атанаскоски учествуваше во победа од 5:2 против Тобол каде што настапува Алекса Амановиќ исто така поранешен младински репрезентативец. Атанаоскоски во Караганди пристигна од Македонија Ѓорче Петров. Мрежата на Тобол денес ја погоди во 14. минутата за 2:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Реваншот е закажан за 21. ноември. На теренот Атанаскоски беше до 77. минута. На спротивната страна Амановиќ го одигра целиот натпревар.