Аталанта одлучила да го пушти Теун Копмајнерс во Јувентус за 55 милиони евра, но само под еден услов.
Условот е фудбалерот да игра на Супер Куп дуелот против Реал Мадрид, па потоа да се реализира трансферот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека клубот од Бергамо нема да може да го избегне трансферот и поради претходно даденото ветување до играчот.
Холанѓанецот веќе има постигнато договор со „старата дама“, па сега останува двата клуба да ги договорат последните детали.
Аталанта се согласила да го продаде играчот за врска за 50 милиони евра плус бонуси од 5 милиони евра, но Јувентус ќе мора да почека за реализацијата на трансферот до Супер куп натпреварот.