Во рамките на 21. коло од Серија А од 15 часот беа одиграни два натпревари.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Аталанта после само 21 минута водеше со 3:0, а на крајот против Торино освои само бод, бидејќи гостите до крајот успеаа да постигна три гола.
Голеадата ја најави Иличиќ во 14 минута, па Госенс постигна гол за 2:0 во 19. минута, а Муриел во 21. минута зголеми на 3:0 и се чинеше дека овде натпреварот беше завршен.
Меѓутоа, Торино намали во 42. минута, откако Белоти прво промаши пенал, но одбиената топка ја смести во мрежата. Бремер во продолжение на првиот дел ги врати гостите целосно во игра.
Во 84. минута тимот на Торино со голот на Боназоли доаѓа до голем бод.
Мало изнандување приреди екипата на Специја, која во гости кај Сасуоло славеше со 2:1.